Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Учебниците што недостигаат ќе бидат поставени во ПДФ-формат на веб-страницата на Педагошката служба
Македонија

Јаневска: Учебниците што недостигаат ќе бидат поставени во ПДФ-формат на веб-страницата на Педагошката служба

22/09/2025

AA

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека учебниците што недостигаат ќе бидат поставени во ПДФ-формат на веб-страницата на Педагошката служба. Таа прстот го впери кон директорите и комисиите во училиштата, истакнувајќи дека за недостигот не е виновно Министерството.

„Учебници има, сè што побарале училиштата е испорачано. На Министерството му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион или милион и двесте илјади учебници затоа што имаме рамковна спогодба за печатење. Значи, тоа што е побарано е обезбедено. Не прифаќам да се каже дека учебници нема. Дали се во подобра или полоша состојба, тоа зависи од комисиите и директорите. Ова прашање треба да биде затворено и во иднина да нема вакви проблеми“, изјави Јаневска.

Според министерката, дистрибуцијата на учебниците е завршена, а остануваат само два за прва година гимназија – еден кој е спорен и друг кој сè уште е во процедура.

„Тие ќе бидат дистрибуирани кога ќе се решат овие прашања. Сите други учебници се доставени“, нагласи Јаневска.

Таа додаде дека постојат јасни правила, закон и упатства кои од следната година ќе мора да се почитуваат без исклучок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy