Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пенов: Го подобруваме животот на граѓаните
Македонија

Пенов: Го подобруваме животот на граѓаните

02/11/2023

AA

Со поддршка од ЕУ и од Министерството за локална самоуправа општина Ѓорче Петров решава важно прашање за граѓаните изградба на колектор за отпадни води што ќе се заштити животната средина и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Орман, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска направи увид во завршните градежни работи.

– Овој проект се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Косово со  вкупен износ од 329 илјади евра. Дел од сумата е обезбедена преку ИПА Програмата на ЕУ,  со учество на Министерството за локална самоуправа од 15% и на општина Ѓорче Петров од 11.8%, додаде Пенов.

Министерот Пенов изрази задоволство од динамиката на реализација на проектот кој што е од голема важност за заштита на животната средина и кој што решава важно прашање за жителите на село Орман.

-Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија е одлична можност за општините да реализираат важни проекти кои што се приоритетни за граѓаните. Министерството за локална самоуправа ги охрабрува општините да подготвуваат проекти и да аплицираат на јавните повици за прекугранична соработка, но притоа секогаш да ги имаат предвид реалните потреби на граѓаните, додаде тој.

Изградбата на Колекторот е во завршна фаза и проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок до крајот на годината.

-Имаме одговорност пред Европската Унија и пред сопствените граѓани средствата да ги користиме на транспарентен и отчетен начин и да реализираме проекти кои што прават позитивни промени преку подобрување на услугите и на квалитетот на живеење на граѓаните, заклучи Пенов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy