Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендиков ќе добие живеалиште во Бугарија и бугарско државјанство во најкус можен рок
Македонија

Пендиков ќе добие живеалиште во Бугарија и бугарско државјанство во најкус можен рок

07/02/2023

AA

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, јави БНТ.

Пендиков, кој вчера беше отпуштен од Воено медицинската академија во Софија, како што кажа Милков, ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија. Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ ако се врати во земјава и затоа се размислува и опцијата да му се даде и лично обезбедување.


Милков, како што пренесе БНТ, оценил дека „и покрај напорите да бидат одмрзнати односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, засега нема успех“.

– Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа се разбира, одбележува една нова уште пониска точка во нашите односи, изјавил Милков.


Вчера Пендиков во претседателската резиденција беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев, кој порача дека бугарската држава „нема да трпи насилство врз Бугарите во Република Северна Македонија и врз своите државјани и ќе ги искористи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права“.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy