Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ чесноста е исклучок, а криминалот е правило, програмата на Силјановска-Давкова е невидлива, ја нема
Македонија

Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ чесноста е исклучок, а криминалот е правило, програмата на Силјановска-Давкова е невидлива, ја нема

08/04/2024

AA

На митинг со граѓаните на општина Кисела Вода претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека е убеден дека по двојните избори ќе постои политичка структура составена од луѓе кои знаат дека Македонија мора да биде дел од Европа за да биде просперитетна.

„Македонските граѓани ја препознаваат вистинската опција за прогрес на сите нас кои живееме во оваа држава. Ние, оваа политичка структура од која јас сум дел еве 15 години, ја внесовме Македонија во НАТО Алијансата што е чин еднаков на референдумот за независност. Не е мала работа држава од 1.8 милиони луѓе да биде на иста маса со една Америка, Германија, Франција, Канада, со најмоќните на светот и да има заеднички консултации при каков било обид за дестабилизација, при каква било безбедносна криза“ истакна Пендаровски.

Во своето обраќање, Пендаровски се осврна и на последните случувања околу апсењето на новинарот Фуркан Салиу, што според него само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ и ден денеска нема никаква промена.

„Тие се подготвуваат ако ја добијат власта на осми мај повторно да завладеат на истиот начин. Вчера имате случај со новинарот Фуркан Салиу, јасно е дека не постои демократска држава во која вие со специјална единица пет на еден, десет на еден, апсите новинар кој бил на задача. Разликата меѓу нас и нив е јасна, ние никогаш не сме помислиле да организираме насилен упад во парламентот. Зошто? За да спречиме мирна транзиција на власта кон оние која добиле довербата на граѓаните. ние никогаш не сме помислиле по телефони ни премиерот ни претседателот, никој од нас по телефон да диктираме пресуди за наши политички противници. Нема да чуете дека некој рекол во понеделник апсиме, а во среда треба да добие 8 или 15 години робија тоа го правеа тие луѓе и истите луѓе ќе го прават и повторно после осми ако бидат во позиција тоа да го прават. Тие наместо да се извинат на целокупниот македонски народ и македонски граѓани, тие велат ќе ги амнестираме насилниците кои за малку не убија во парламентот неколкумина од нашите колеги пратеници, амнестија нудат за тие луѓе“ истакна Пендаровски

Одговарајќи на прашање од присутните, да го коментира ставот на Христијан Мицкоски дека нема ништо спектакуларно во тоа политичар да каже дека не крадел Пендаровски одговори дека во ВМРО-ДПМНЕ чесноста е исклучок, а правило е криминалот.

„Таа изјава е нормална за мене, а не е за него (Мицкоски) затоа што јас не крадам“ порача Пендаровски.

Запрашан за коментар за програмата на Гордана Силјановска-Давкова, Пендаровски порача дека Гордана Силјановска-Давкова сè уште нема програма.

„Знаете која е разликата меѓу мојата и нејзината програма? Нејзината програма е невидлива, ја нема. Еве отидете на нејзината веб-страница и кажете ми дали нејзината програма, еве пет дена од кампањата е воопшто објавена? Мојата е објавена и видлива, нејзината е невидлива“ порача кандидатот Пендаровски пред граѓаните на Кисела Вода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46971
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена од Гостивар со тешки повреди

27/11/2026

Жена од Гостивар била брутално претепана од сопругот, по што со тешки повреди завршила во болница, дознава Плусинфо. Од СВР

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил

27/11/2026

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy