Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Некоректно е да бидеш дел од Влада, а да не гласаш за нејзиниот избор
Македонија

Пендаровски: Некоректно е да бидеш дел од Влада, а да не гласаш за нејзиниот избор

23/01/2024

AA

Политички преседан и некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за телевизијата Алсат-М, во врска со опструкциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивното неприфаќање на Талат Џафери за премиер на техничката Влада.

„Или се согласувате, или не се согласувате на техничка Влада. Можете да кажете не сакаме да даваме воопшто луѓе, но не може да го спориш предлогот кој според Законот за оваа Влада го дава парламентарното мнозинство. Ако тие предложат да биде Талат Џафери, твое е само да кажеш учествувам, или не. Не може да го спориш како поединец, или како личност“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој изрази надеж дека ни власта ни опозицијата нема да ја комплицираат работата овие неколку дена до изборот на новата тн. пржинска Влада. За волја на вистината, додаде тој, првичните опструкции дојдоа од опозицијата, поради негласањето на Талат Џафери.

Претседателот посочи дека ако опозицијата не даде кандидати, или ако тие кандидати не бидат изгласани на парламентарната седница, нема да стане збор за техничка Влада, туку де-факто за политичка Влада.

Претседателот истакна дека треба мазно, без проблеми од ниедна страна да ја избереме Владата, затоашто таа мора да почне да функционира 100 дена пред изборите, односно до 28-ми јануари, со цел сите институции да функционираат ефикасно и во интерес на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири години војна во Украина: Специјално отворено студио вечерва на

24/02/2026
Македонија

Одложено ограничувањето за летните тераси, се забрануваат „вкусните“ електронски цигари

24/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ПУШЕЊЕ НА ТЕРАСИТЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ

24/02/2026
Македонија

Пронајден угинат Балкански рис на патот Охрид – Ресен

24/02/2026
Македонија

Oдземени 6 одобренија за одгледување канабис за медицински цели!

24/02/2026
Македонија

Се обидел да ги убие синот и малолетната ќерка, па

24/02/2026
Македонија

КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ГРУБИ Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН Сериозна држава не

24/02/2026
Македонија

Комисијата го одби предлогот за минимална плата од 600 евра

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири години војна во Украина: Специјално отворено студио вечерва на 4TV.mk

24/02/2026

По повод четиригодишнината од почетокот на воената агресија во Украина, вечерва со почеток во 20:00 часот, 4TV.mk емитува специјално отворено

Одложено ограничувањето за летните тераси, се забрануваат „вкусните“ електронски цигари

24/02/2026

Владата одлучи да им излезе во пресрет на угостителите и да ја одложи примената на строгите правила за пушење на

ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ПУШЕЊЕ НА ТЕРАСИТЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ Добија време да се прилагодат

24/02/2026

Прифатено е да се одложи примената на законот за пушење на отворени терасите во угостителските објекти, за да им се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy