Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Како и пред 130 години, така и сега мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава
Македонија

Пендаровски: Како и пред 130 години, така и сега мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава

23/10/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба во која вели дека како и пред 130 години, така и сега мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок на секој нејзин граѓанин.

-На овој ден, пред точно 130 години, шестмина млади луѓе ја основаа македонската револуционерна организација која успеа да ги обедини најхрабрите и најобразованите луѓе на своето време околу една заедничка цел – слободна македонска држава. Оваа млада и напредна генерација успеа да ја зацврсти вербата на македонскиот народ дека само со сопствени сили може да се избори за слобода и правда, вели Пендаровски во честитката.

Иако, како што нагласува претседателот, поради соседните пропаганди, притисоци и аспирации нашата револуционерна борба имаше и успеси и падови, целта остана иста. Илинденското востание ја даде Крушевската Република, a, Народноослободителната и антифашистичка борба државотворниот АСНОМ.

-Како што борбата на револуционерната генерација беше за слободна и праведна држава, така нашата борба денес мора да биде против корупцијата, непотизмот и криминалот што раѓаат недоверба, социјална неправда и масовно иселување на младите. Како и пред 130 години, така и ние мора да ги надминеме нашите поделби и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок на секој нејзин граѓанин, истакнува Пендаровски во честитката по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41686
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима од 500 до 800 прекршоци

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во синоќешното гостување на ТВ21, рече дека е горд на имплементација на новиот систем

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy