Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер залутал во ЛШ – Алборг со пола сили го разнесе со 15 разлика
Спорт

Пелистер залутал во ЛШ – Алборг со пола сили го разнесе со 15 разлика

20/09/2023

AA

Македонскиот ракометен првак Пелистер доживеа дебакл на гостувањето во Данска, откако вечерва Алборг ги прегази битолчани со 15 разлика во второто коло во оваа сезона во Лигата на шампионите, славејќи со 38-23.

Данскиот гигант на Пелистер му покажа дека е залутан во ракометната елита, иако високи амбиции имаа битолчани, па денеска и со половина сили буквално го прегазија нашиот првак, кој имаше сила да им парира само во првите 18 минути од мечот. Сѐ потоа беше само меч во еден правец, со безброј грешки на Пелистер и рутински реализации на Данците.

Откако Цветан Кузмановски во 18-та минута израмни на 8-8, тоа беше сѐ од отпорот на битолчани, зашто Алборг до полувреме веќе ја обезбеди победата со серијата 10-2, за големи плус осум (18-10), а каде застанаа во серијата продолжија во првата половина од вториот дел.

Пелистер во тие 16 минути од вториот дел даде само четири гола, Алборг ги наполни со 11, па Данците дојдоа до најголемите плус 15 разлика на мечот (29-14) во тој момент, а во завршницата имаа и плус 16, за само рутински го доработеа мечот за да ја запишат победата со конечни плус 15 (38-23).

Алекс Влах даде седум гола, а Микел Хансен погоди петпати како најефикасни кај Алборг, додека Никлас Ландин собра осум интервенции. Кај Пелистер, Павле Петровиќ даде седум гола, а Домен Тајник погоди четирипати. Марко Кизиќ собра шест, а Урбан Лесјак пет интервенции.

За Пелистер ова е втор пораз откако загубија пред една недела од норвешки Колстад во Битола со девет разлика (22-31).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy