Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер загуби од ПСЖ, ама не разочара
Спорт

Пелистер загуби од ПСЖ, ама не разочара

12/10/2023

AA

Македонскиот првак Пелистер го претрпе четвртиот пораз во четвртиот натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва загуби од ПСЖ со 26-31.

Сепак, битолскиот тим ја оствари својата цел – скапо да ја продаде кожата и да го повтори изданието од дуелот против Кил на домашен терен. Го искористи лабавиот пристап на ПСЖ и долго време беше во игра дури и за изненадување на овој натпревар.

Со исклучок на почетните 2-0, Пелистер беше рамноправен до 23. минута, а на периоди се наоѓаше и во минимално водство. Во 24. минута, ПСЖ првпат поведе со три разлика (13-10), со колку што замина и на голем одмор (15-12).

И вториот дел не донесе големи промени во играта. ПСЖ не запнуваше многу, па Пелистер го користеше тоа за да се закани, како во 40. минута кога дојде на 19-20. Следуваше серија од 7-2 на „светците“ и највисоки 27-21 на десетина минути пред крајот на натпреварот. И тоа не го обесхрабри македонскиот првак кој се доближи на 26-29, но со два гола во финишот, преку Матхе и Холм, ПСЖ дојде до конечните 31-26.

Тајник и Борзаш го предводеа Пелистер со по пет гола, а голманот Лесјак оствари девет одбрани. Камил Шипрак од ПСЖ беше најефикасен на натпреварот со девет гола. Во следното коло, на 19 октомври, битолчани гостуваат кај Загреб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44936
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

09/08/2026

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави својот заштитник Свети Пантелејмон

09/08/2026

Со Света празнична архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештенството и во присуство на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy