Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер загуби од ПСЖ, ама не разочара
Спорт

Пелистер загуби од ПСЖ, ама не разочара

12/10/2023

AA

Македонскиот првак Пелистер го претрпе четвртиот пораз во четвртиот натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва загуби од ПСЖ со 26-31.

Сепак, битолскиот тим ја оствари својата цел – скапо да ја продаде кожата и да го повтори изданието од дуелот против Кил на домашен терен. Го искористи лабавиот пристап на ПСЖ и долго време беше во игра дури и за изненадување на овој натпревар.

Со исклучок на почетните 2-0, Пелистер беше рамноправен до 23. минута, а на периоди се наоѓаше и во минимално водство. Во 24. минута, ПСЖ првпат поведе со три разлика (13-10), со колку што замина и на голем одмор (15-12).

И вториот дел не донесе големи промени во играта. ПСЖ не запнуваше многу, па Пелистер го користеше тоа за да се закани, како во 40. минута кога дојде на 19-20. Следуваше серија од 7-2 на „светците“ и највисоки 27-21 на десетина минути пред крајот на натпреварот. И тоа не го обесхрабри македонскиот првак кој се доближи на 26-29, но со два гола во финишот, преку Матхе и Холм, ПСЖ дојде до конечните 31-26.

Тајник и Борзаш го предводеа Пелистер со по пет гола, а голманот Лесјак оствари девет одбрани. Камил Шипрак од ПСЖ беше најефикасен на натпреварот со девет гола. Во следното коло, на 19 октомври, битолчани гостуваат кај Загреб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
Македонија

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42163
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не била извршена – тетовец измамен

03/03/2026

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026

За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД ИЗРАЕЛ Сè уште нема услови

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот војната во Иран во саботата до

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy