Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер оди во финале, Тиквеш покажа мускули, но не направи изненадување!
Спорт

Пелистер оди во финале, Тиквеш покажа мускули, но не направи изненадување!

16/05/2024

AA

Пелистер и Тиквеш одиграа интересно полуфинале кое го добија битолчани со 33-29 и се пласираа во финалето каде ќе го чекаат победникот од утрешната пресметка меѓу Вардар и Алкалоид.

Пелистер ја оправда фаворитската улога, но битолчани добро се испотија за да дојдат до планираната победа. Тиквеш се бореше до самиот крај, но неколкуте грешки во финишот од мечот ги чинеа пораз.

Битолскиот тим подобро го почна мечот, брзо создаде предност од три гола, беше 10-7, но потоа следуваше пад на Пелистер и многу подобра игра на Тиквеш која резултираше со комплетен пресврт и водство на кавадаречкиот тим од 13-12.

Во тие моменти Бранко Ангеловски побара тајм-аут, со жесток говор исполнет и со пцовки ги разбуди своите ракометари кои по тој момент го кренаа нивото и на пауза отидоа со водство од 16-13.

Вториот дел повторно беше со подеми и падови на екипите. Пелистер дојде до четири предност, но ја загуби, Тиквеш изедначи на 20-20, се врати комплетно во натпреварот, но финишот им припадна на битолчани кои на крајот дојдоа до триумф од 33-29.

Радивојевиќ со десет голови беше најдобар во составот на Пелистер, Кузмановски даде пет, по четири реализираа Тајник и Пешевски. За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола.

Во неделното финале Пелистер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид кои играат утре.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хорор во Прилеп: Ја претепал и на сила ја пикнал

21/12/2025
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Пијаниот е уапсен, во

21/12/2025
Македонија

​„Магијата“ скапо ја чинеше: Скопјанец „лечел“ семејни проблеми со амајлија,

21/12/2025
Македонија

СОСТОЈБА НА МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ: Поради намалена видливост откажани се

21/12/2025
Македонија

​„Си го оградил“ Езерото: Кривична за 73-годишен охриѓанец кој изградил

21/12/2025
Македонија

АКО Е ЗИМА НЕ Е ЛАВ Почнува најстудената сезона, ама

21/12/2025
Македонија

ВИДЕО Бегство од смогот: Скопјани масовно на Водно – долу

21/12/2025
Македонија

„Скопје се гуши, а вие зборувате за Виена“: СДСМ бара

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39247
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хорор во Прилеп: Ја претепал и на сила ја пикнал во кола – 42-годишник обвинет

21/12/2025

Тежок инцидент ја вознемири јавноста во Прилеп. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.У. од градот, кој се сомничи

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Пијаниот е уапсен, во сообраќајката нема повредени

21/12/2025

Дебарската полиција поднесе кривична пријава против П.П.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Безобзирно управување

​„Магијата“ скапо ја чинеше: Скопјанец „лечел“ семејни проблеми со амајлија, ѝ зел 1.000 евра на

21/12/2025

Ветувањето за спас на семејната хармонија се претворило во класична измама за една 42-годишна жена од Делчевско. Полицијата поднесе кривична

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy