
Пелистер лесно го победи ПАОК и закажа финале со Вардар
По само неколку минути битолскиот состав брзо почна да го трасира патот кон победата. Уште по првите 30 минути македонскиот претставник имаше предност од 13 гола разлика. Ракометарите на ПАОК немаа решение за цврстата одбрана на пелистерци и постигнаа само шест гола, примија 19.
Во продолжение тренерот Бранко Ангеловски имаше можност да им даде минутажа на сите ракометари, а ПАОК не успеа посериозно да се закани, па прашање беше само конечниот резултат.
Радивојевиќ со девет гола беше најефикасен на мечот, го следеше Кузмановски. Голманот Ивиќ собра девет интервенции.
Финалето помеѓу Вардар и Пелистер се игра утре во терминот од 21:00 часот.
