
Пелистер го совлада Охрид и се пласира на Ф4-турнир во Купот
Во првото полувреме се играше израмнет ракомет во поголем дел од времето, но Пелистер во вторите 30 минути го засили темпото и го наполни голот за голем триумф во Купот.
Филип Кузмановски постигна осум голови, додека Богдан Радивојевиќ додаде седум во победата. На спротивната страна најефикасен беше Гал Цирар со шест погодоци.