Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пекабеско донираше медицинска опрема на Детската клиника
Македонија

Пекабеско донираше медицинска опрема на Детската клиника

09/01/2025

AA

Пекабеско донираше еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

„Ова не е прва донација која Пекабеско ја прави во здравството. Како општествено одговорна компанија донираме во континуитет и тоа секогаш кога е неопходно со цел да ја покажеме нашата поддршка кон докторите и медицинскиот персонал. Оваа година Пекабеско слави значаен јубилеј – 45 години од постоењето и под мотото ’децата се нашето најголемо богатство‘ одлучивме финансиските средства кои беа планирани за организирање на прослава да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Во соработка со Министерството за здравство и Детската клиника беа одредени приоритетните медицински апарати и сум посебно горд што за еден месец беше реализирана целокупната донација и веќе овие медицински апарати се на услуги на сите на кои им се неопходни.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

Покрај донациите во здравството, за постојаната поддршка на Црвениот Крст на Пекабеско му беше доделено признанието „Сребрен поддржувач“, а компанијата високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари покажувајќи постојана грижа за заедницата. За таа цел, компанијата гради бројни партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и други хуманистички активности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy