Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Печатницата „Киро Дандаро“ продадена за 9,5 милиони евра
Економија

Печатницата „Киро Дандаро“ продадена за 9,5 милиони евра

28/04/2023

AA

Хрватската компанија САТО ја купи битолската печатница Киро Дандаро за 9,5 милиони евра. Трансакцијата за превземање ја објави Македонска берза, а за Фактор ја потврди првиот човек на акционерското друштво.

Објавено е дека се превземаат 442.055 акции со 1.290 денари цена по акција, Вкупната сума е 570.250.950 денари, што опфаќа 91.16 отсто од основната главнина. Претходно САТО, компанија од Забок, ја извести во март Комисијата за заштита на конкуренцијата дека се стекнува со самостојна контрола над Киро Дандаро.

„САТО Д.О.О. е друштво кое е активно во дејностите: Компјутерски и сродни дејности;
Размножување снимени записи; Поправка и одржување канцелариски машини и опрема и
Услуги на фотокопирање“, објави меѓудругото тогаш Комисијата за заштита на конкуренцијата и при тоа информираше дека оваа хрватска компанија досега немала никаква претходна економска активност во Македонија.

Информацијата ја потврди и директорот Драги Милошевски, кој е еден од четворицата поединци кои досега беа доминантни сопственици на Киро Дандаро. Печатницата има и други физички лица-акционери, но многу помали.

– Дозволата е добиена и од Комисијата за хартии од вредност и сите процедури се завршени. САТО е компанија која доаѓа со големи амбиции и најавува работење на Киро Дандаро со нови подобрени инвестиции, ни изјави Милошевски.

Киро Дандаро покрај тоа што печати за купувачи од Македонија како што се АД Европа Скопје, АД Витаминка Прилеп, Макпрогрес ДОО Виница, АД Пивара Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Цермат ДОО Битола, АСП ДООЕЛ Охрид, Кожувчанка ДОО Кавадарци и многу други, исто така повеќе од половина од својот материјал го извезува надвор од земјата. Компанијата во јавноста е најпозната по редовното печатење на изборниот материјал.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy