
Павле Гацов: Додека во Европа паѓаат, во Македонија каматите една година се непроменети
Даночниот консултант Павле Гацов аргументира дека во последните година дена каматаната стапка паѓа во европа, додека во Македонија останува висока, наспроти монетарната политика што се води и јаловите обиди да се заузда инфлацијата.
„Споредба: Намалување на каматните стапки СКИБОР (Македонски меѓубанкарски каматни стапки) Vs намалувањето на ЕУРИБОР (Меѓубанкарска каматна стапка на избрани европски банки).
Каков е македонскиот банкарски систем и конкурентноста како привилегија на модерните економии доволно зборува споредбата на движењето на каматните стапки на македонскиот банкарски пазар (СКИБОР) и европскиот банкарски пазар (ЕУРИБОР) за период од една година.
Споредбата е направена на 17 јуни 2025 година и истиот датум претходната година.
Каматните стапки на европскиот банкарски пазар е преполовена за една година, додека каматната стапка на македонскиот меѓубанкарски пазар е речиси иста како и лани (намалена за симболични од 3,9% до 4,71%.
Инаку 80% од капиталот на македонските банки е во сопственост на странски субјекти.
Добра тема за научни трудови од областа на банкарството“, вели финансискиот експерт.