
Патнички авион се урна при полетување во Хрватска, сите служби се на терен
Авионот се урнал при полетување од аеродромот во Пула. Од аеродромот во Пула за ДНЕВНИК.хр потврдија дека авионот се урнал и дека во моментов сите служби се на терен.
Неофицијално се дознава дека не се работи за голем патнички авион, туку за мал спортски авион во кој имало две лица.
Локалниот портал Истра24 неофицијално дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување и дека во несреќата загинале две лица.
Наводно се работи за странски државјани, сопружници. Како што дознаваме, на местото на настанот се испратени екипи на итната медицинска помош и пожарникари….