Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Партијата на пензионери со иницијатива: По 30 денари за болните од цистична фиброза
Македонија

Партијата на пензионери со иницијатива: По 30 денари за болните од цистична фиброза

20/02/2023

AA

Партија на пензионери, денес по повод Светскиот ден на социјална правда – 20-ти февруари, солидаризирајќи се со болните од цистична фиброза, донесе заклучок, да поведе иницијатива за издвојување на дел од средствата од членарината која пензионерите секој месец ја плаќаат за членување во Здруженијата и Сојузот на здруженија на пензионерите.

„Нас пензионерите нè има над 335.000, а болните од цистична фиброза се малкумина, но се навистина пример за големи борци за живот.

Сакајќи и тие еден ден да бидат членови на пензионерската организација, да бидат меѓу нас и свесни дека некои од нив, кои сега се вработени, придонесуваат во обезбедување на средства за исплата на пензии, водени исклучиво од мотив за солидарен придонес во надминување на овој животно важен проблем, одлучивме да поведеме иницијатива Здруженијата на пензионери и СЗПМ да издвојат еден месечен износ на членарина од секој пензионер, во висина од 30 денари кој, наместо на нивните сметки би се уплатил на сметка во ФЗОРСМ со намена за купување на лекот „Трикафта“.

Очекуваме СЗПМ, Здруженијата на пензионери и Одборот на регистрираната организација за Солидарниот фонд и членарина да ја прифатат иницијативата и да ја реализираат во најскоро време, со што сите заедно би придонеле побрзо да се надмине овој акутен проблем и истовремено би ја поттикнале солидарноста помеѓу граѓаните во земјата“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45050
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy