
Паника: Путин испраќа војска во Молдавија?
Министерството за надворешни работи на Молдавија објави соопштение на Твитер:
„Молдавија силно ги осудува заканите на рускиот претставник во окупираниот дел на Украина за напад на мостот меѓу Молдавија и Романија. Тоа не е прифатливо“.
Од почетокот на руската инвазија во Украина, Молдавија земја со 2,6 милиони жители и сосед на Украина и Романија, мораше да се носи со големиот број бегалци, растот на инфлацијата и нестабилноста од отцепениот регион Придњестровје кој е под контрола на руските сепаратисти од почеток на војната.
Минатата година Русија негираше дека сака да интервенира во Молдавија, откако властите во Придњестровје соопштија дека биле цел на серија напади, пишува Гардијан.

