Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАДНАТИ ДРВЈА, УРНАТИ ПОКРИВИ: Невреме ја зафати Словенија
Регион

ПАДНАТИ ДРВЈА, УРНАТИ ПОКРИВИ: Невреме ја зафати Словенија

25/07/2023

AA

Невреме утрово ја зафати Словенија, при што најпогодени се западниот дел на земјата и градот Цеље и околината на исток. Струја нема во некои делови на Западна Приморска и Источна Штаерска, објави СТА.

На подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј изутрината без струја се околу 1.800 корисници, објави компанијата Електро Марибор. Единицата за цивилна заштита Марибор пријави инциденти во текот на ноќта во седум општини, главно од релативно мал обем, како што се пожари предизвикани од запалени инсталации, оштетувања на покриви, одрони и паднати дрвја. На подрачјето на Цеље дојде до прекин на струја и други оштетувања на локалната инфраструктура.

Повеќе од 1.500 корисници рано утринава останаа без струја, велат од Електро Целје, а затворени се и дел од патиштата. Тешко беше погоден и северниот дел на Приморска, силен град кој падна оштети покриви, прозорци и автомобили, особено во општините Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Силните налети на ветер корнеа дрвја и урнаа покриви во областа Нова Горица на запад. Околу 6.000 корисници во тој регион изутрината останаа без струја, а меѓу бројните инциденти беше и евакуацијата на децата кои престојуваа во кампот Лепена кај Бовац. Продолжување на невремето или обилни врнежи се предвидува во текот на денот, а Агенцијата за животна средина предупредува дека има шанси за поплави, особено на североистокот од земјава. За цела држава денеска на сила е портокалово предупредување, а на југ постои можност за попладневно невреме со град. Во Словенија утре се очекува постепено стабилизирање на времето, јави СТА.

Деновиве имаше невреме во Србија, Босна, Хрватска и Македонија.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy