
Пад од 6,4% во автобускиот превоз во третото тримесечје од 2025
Во третото тримесечје од 2025 година автобускиот патен превоз бележи пад на бројот на патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период биле превезени вкупно 8,832 милиони патници, што претставува намалување од 6,4 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година.
Најмало намалување е забележано во градскиот автобуски превоз, каде бројката опаднала за 4,6 проценти. Во приградскиот превоз падот изнесува 7,8 проценти, во меѓуградскиот 8,6 проценти, додека најголемо намалување има кај меѓународниот превоз – 12,5 проценти.
Кога станува збор за вкупниот број на поминати патнички километри, тој достигнува 292,038 милиони и е понизок за 1,8 проценти во споредба со лани. Во градскиот превоз е забележан раст од 24,2 проценти, додека во приградскиот има пад од 1,3 проценти. Во меѓуградскиот превоз намалувањето е 4,5 проценти, а во меѓународниот сегмент 2,8 проценти.

