Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пациентка тврди: Васев и дал терапија без да биде запишана во регистарот!
Македонија

Пациентка тврди: Васев и дал терапија без да биде запишана во регистарот!

20/11/2025

AA

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија сведочеше за терапија што ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот.

„Др-Нино ми рече дека имаат уште три шишенца од лекот и дека едно ќе ми го даде, но нема да се запише во регистарот. По апликацијата останав со дилема зошто не беше внесена терапијата во извештајот,“ изјави сведокот.

Пациентката истакна дека не ѝ било побарано да плати и дека сама се пријавила како сведок поради граѓанска одговорност, по што одбраната порача дека вакво нешто не се случило и побара предметот да се ограничи на наводниот финансиски криминал, а не на начинот на лекување.

Судењето за „Онкологија 2“ денеска започна одново поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и економскиот директор Нехад Нухи.

Според обвинението, во периодот 2018–2022 тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата ја негираат вината и тврдат дека обвинението е политички мотивирано.

Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и процесот „Онкологија 1“ за несовесно лекување на пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy