Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЦИЕНТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЧЕКААТ Најавени итни мерки и долгорочен план за контрола на ракот
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЧЕКААТ Најавени итни мерки и долгорочен план за контрола на ракот

15/10/2026

AA

Потребата од воспоставување национална онколошка мрежа, единствени стандарди за лекување и долгорочен план за контрола на ракот беа во фокусот на работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“, што денеска ја организираа Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, на настанот, за првпат на едно место се собрале претставници на Владата, здравствените институции, академската заедница, пациентските организации и меѓународни експерти за да разговараат за состојбите и иднината на онколошката грижа во земјата.

Министерот за здравство Сашо Клековски оценил дека пред државата стои задача од фрагментиран и преоптоварен систем да премине кон сеопфатен пристап во лекувањето на онколошките пациенти.

– Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти – изјави Клековски.

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, истакнал дека за првпат прашањето за онколошката грижа се отвора на највисоко ниво.

– За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно – рече Стојковски.

Според презентираните податоци, во 2023 година во земјава биле регистрирани 8.371 нов случај на рак, што претставува зголемување од 16 проценти во однос на пред десет години. Истата година од малигни заболувања починале 3.726 лица. Секојдневно се дијагностицираат околу 23 нови случаи, додека во просек 11 лица дневно ја губат битката со болеста.

Во воведното предавање, проф. д-р Жозеф Глигоров од Универзитетот Сорбона и болницата „Тенон“ во Париз ги претставил европските стандарди во онколошката грижа и препорача изградба на национална онколошка мрежа.

Тој посочил дека Македонија треба да премине од модел со еден преоптоварен центар кон систем во кој еден сеопфатен онколошки центар ќе ја координира грижата, сложените случаи ќе се лекуваат централизирано, а стандардната терапија ќе биде подостапна до местото на живеење на пациентите.

На првиот панел биле претставени и клучните слабости на актуелниот систем. Било посочено дека скрининг-програмите постојат, но нивниот опфат останува низок, при што кај ракот на дојка е под шест проценти. Укажано било и на недоволните дијагностички капацитети, како и на фактот дека УКРО го носи товарот на лекувањето за целата држава со само три линеарни акцелератори на располагање за околу 1,8 милиони жители.

Учесниците нагласиле дека и покрај ограничените ресурси, дијагностичките услуги во 2025 година се зголемени за 15 проценти, а радиотерапевтските третмани за 55 проценти, благодарение на подобрата организација и ангажманот на здравствените работници.

Во завршното обраќање, министерот Клековски најавил итни мерки за стабилизација на системот и подготовка на долгорочен национален пристап за контрола на ракот.

– Денес за првпат имаме заедничка слика: каде сме, каде сакаме да бидеме и како ќе стигнеме дотаму. Пациентите што се лекуваат денес не можат да чекаат, па затоа прво доаѓаат итните мерки. Паралелно започнуваме повеќе активности како студија за инфраструктурата и технологијата и градење на долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. Македонија од годинава е дел од EU4Health под исти услови како земјите-членки. Европските средства одат таму каде што има национален план, јасна водечка институција и податоци, и токму тоа ќе го градиме – рече министерот Клековски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН КОНДОВЕЦ БАРАН ЗА ТЕРОРИЗАМ На „Блаце“ го чекале две

15/10/2026
Македонија

🎥 НЕВРОЛОГОТ БАРБОВ СЕ ЧУВСТВУВА ЗЛОУПОТРЕБЕН ОД ИВА МИХАИЛОВА Ги

15/10/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЧЕКААТ Најавени итни мерки и долгорочен

15/10/2026
Македонија

ФБИ СО ЧЕСТИТКИ ДО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА АКЦИЈАТА ПРОТИВ МЕЃУНАРОДЕН

15/10/2026
Македонија

МАНАСИЕВСКИ СО ОБВИНУВАЊА ДО БАРБОВ, ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ Портпаролот прашува

15/10/2026
Македонија

МАНАСИЕВСКИ СО ОБВИНУВАЊА ДО БАРБОВ, ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ Праша дали

15/10/2026
Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО БУГАРИЈА НЕМАЛО ФАШИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ Имало,

15/10/2026
Македонија

УЧЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ НАПАДНАТИ ВО ОХРИД Се движеле со професорите

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46185
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН КОНДОВЕЦ БАРАН ЗА ТЕРОРИЗАМ На „Блаце“ го чекале две меѓународни потерници

15/10/2026

Четириесет и тригодишен жител на скопското село Кондово е уапсен на граничниот премин Долно Блаце, при влез во Македонија. За

🎥 НЕВРОЛОГОТ БАРБОВ СЕ ЧУВСТВУВА ЗЛОУПОТРЕБЕН ОД ИВА МИХАИЛОВА Ги преувеличувала симптомите кога давала изјави

15/10/2026

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со

ФБИ СО ЧЕСТИТКИ ДО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА АКЦИЈАТА ПРОТИВ МЕЃУНАРОДЕН САЈБЕР КРИМИНАЛ Тошковски е горд

15/10/2026

Јавното признание од Федералното истражно биро (ФБИ) за резултатите на македонската полиција е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy