Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Овој случај мора да оди до крај, 63 млади животи се уништени“, вели мајка на жртва од Пулс
Македонија

„Овој случај мора да оди до крај, 63 млади животи се уништени“, вели мајка на жртва од Пулс

19/11/2025

AA

Марија Петрушова, мајка на една од жртвите од трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, денеска пред судницата во Идризово истакна дека родителите сè уште не чувствуваат дека правдата е исполнета. Таа со силни емоции зборуваше за последиците од пожарот, кои – како што вели – сè уште ги носат преживеаните, но и семејствата на загинатите.

„Во овој случај мора да се оди до крај. Мора да дојдеме, да видиме, да слушнеме. Не сметаме дека правдата е задоволена. Шеесет и три млади животи се уништени,“ рече Петрушова.

Таа потсети дека и денеска има преживеани кои се водат во болничките евиденции и страдаат од сериозни последици.

„Има повредени во многу тешка состојба, луѓе кои не смеат ни да се движат, ни на сонце да излезат. Сега се појавуваат и нови проблеми – од воздухот што го вдишувале, од чадот. Министерството за здравство мора да преземе нешто понатаму,“ нагласи Петрушова.

Таа потсети и на неодамнешната смрт на уште една жртва – пејачот Владимир Блажев, кој подолго време беше во болница поради последиците од пожарот.

„Срцето ми се кине. Не знам дали има уште жртви во критична состојба, се надевам дека нема. Ама не знам што да кажам…“ додаде таа, видливо потресена.

Петрушова заврши со порака дека родителите нема да се откажат од борбата за вистината и одговорноста:

„Ние сме тука поради љубовта кон нашите деца.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за

03/03/2026
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42189
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за македонските сили

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од касарната Илинден во Скопје порача дека е од клучно значење сите 32

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy