
Овие македонски изведувачи вечерва ќе не забавуваат низ Скопје!
Музичката програма за дочек на Новата 2025 година во Скопје ќе биде со македонски изведувачи. На плоштадот „Македонија“, Град Скопје организира концерт кој започнува во 19.30 часот со Сара Мејс. По неа, ќе настапат групите „Љубојна“ (20.30), „Ареа“ (22.00) и „Нокаут“ (23.30). Општина Кисела Вода ќе го организира дочекот на платото пред спортската сала „Расадник“. […]

