Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовески: Наместо да зборуваме за нашата посветеност, најдобро е тоа да го покажеме со нашето постапување во предметите
Македонија

Јовески: Наместо да зборуваме за нашата посветеност, најдобро е тоа да го покажеме со нашето постапување во предметите

31/03/2023

AA

Оваа година на Денот на правосудството – 31 Март избрав лично да се обратам до секого од вас и да ја побарам вашата поддршка за удвојување на напорите за враќање на јавната доверба во нашата институција.

Многу добро ја знам вашата посветеност и одговорност, секојдневната ревносност и вербата во правда со која ја извршувате функцијата. Време е таа слика да ја видат и граѓаните.

Преку отчетно и одговорно постапување, преку објаснување на нашите одлуки пред граѓаните, преку примена на етичките стандарди на нашата професија, сметам дека ќе ја увериме јавноста во доследноста на нашите постапки и во ефикасноста на системот на правда.

Постои една изрека која вели – „Довербата се заслужува кога делата се совпаѓаат со зборовите“. Затоа сметам дека наместо да зборуваме за нашата посветеност, најдобро е тоа да го покажеме со нашето постапување во предметите.

Тука би напоменал неколку приоритетни задачи.

  1. Ефикасност. Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок.
  2. Отпорност кон притисоци и влијанија. Ја имате мојата целосна поддршка да носите самостојни и сигурни одлуки. Не дозволувајте никој и ништо да влијае врз вашето постапување и да го компромитира вашиот личен интегритет како јавни обвинители.
  3. Транспарентност. Одлуките кои ги носиме мора да станат видливи за граѓаните. Правдата треба и да ја видат и да ја почувствуваат. Не се плашете од јавниот суд, бидејќи само тој е вистински коректор на нашата работа.

Веројатно еден од најголемите предизвици за нашата институција во следниот период ќе биде преговарачкиот процес со ЕУ. Од реализацијата на реформите во поглавјата кои директно ја засегаат работата на правосудството ќе зависи севкупниот напредок на земјата на патот кон Унијата.

Да се заложиме максимално и да ги исполниме сите задачи што се очекуваат од нас, бидејќи тоа е еден од клучните критериуми според кои ќе ни го вреднуваат напредокот. Затоа истите пораки би ги упатил и до јавнообвинителската служба, која исто така е важен дел од нашата организација и без чиј придонес исполнувањето на овие задачи би бил невозможен.

Почитувани,

Потпишавме Договор за соработка со Европското јавно обвинителство. Секојдневно ја јакнеме соработката со домашни и странски институции во сферата на нашето постапување. Ова исто така, верувам, ќе придонесе за реализација на приоритетите кои си ги поставуваме.

Сите добронамерни критики за нашата работа ги прифаќаме и активно работиме на подобрување во сегментите каде се детектираат одредени слабости, вклучително и на оние што ги детектираше американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот во 2022 година. Но, задоволен сум што во овој извештај не се адресираат крупни директни критики за работата на Јавното обвинителство. Уште повеќе, извештајот го споменува токму она што ние долго време го нагласуваме, а тоа се недоволните финансиски средства и кадровски ресурси кои се доделуваат на Јавното обвинителство. Ова покажува дека американскиот Стејт департмент навистина активно ги следи состојбите во обвинителството, покажува доверба во нашето постапување и се обидува да влијае за подобрување на состојбите и на условите за работа.

Притоа, чесно е да се признае дека и покрај ваквите позитивни сигнали, сигурно можевме и можеме повеќе. Не можам да не изразам незадоволство со одредени судски одлуки кои овозможија застарување на предмети за чиј исход јавноста беше заинтересирана. Одредени постапки, пак, не се застарени, но и покрај ажурноста на обвинителското постапување, се уште не ја добиваат потребната судска динамика и немаат разрешница.

Почитувани обвинители,

Свесен сум дека јавнообвинителската работа е тешка и одговорна. Но, во исто време таа е предизвик – да се испорача правда и да се заштити општеството од криминалот.

Да се обидеме сите, преку сопствениот личен пример, да влијаеме и врз генерациите јавни обвинители што доаѓаат да ја остварат оваа благородна мисија.

На сите ви го честитам Денот на правосудството!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
Македонија

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД

13/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy