Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на храната во Македонија допрва ќе дивеат
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на храната во Македонија допрва ќе дивеат

09/04/2026

AA

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека неодамнешното стивнување на тензиите на Блискиот Исток не значи крај на економските маки, туку само привремено стратешко повлекување.

Како што вели, македонската економија допрва ќе го почувствува вториот бран на инфлацијата, кој сега се префрла од енергенсите врз храната.

Јовановиќ анализира дека брзото примирје било очекувано за Виенскиот институт, бидејќи долга војна со Иран не му одговарала на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Трамп сфати дека не може да го примени сценариото од Венецуела во Иран – не успеа да направи насилно менување на режимот. Виде дека со војната си прави повеќе штета себеси и на светската економија, особено откако Иран се закани со затворање на Ормускиот Теснец. На Трамп му требаше само ‘излезна рампа’ за да се претстави како победник и да се повлече“, вели Јовановиќ.

Според Јовановиќ, Иран од овој конфликт излегува посилен и со поголеми апетити. Светот покажа страв пред можноста Иран да го блокира Ормускиот Теснец, што е клучен за светската нафта.

Иако цената на нафтата падна од 110 на околу 95 долари по барел, Јовановиќ предупредува дека тоа не е доволно за да се смират цените во Македонија.

Првичниот шок кај енергенсите од март веќе почна да се „прелива“ во цените на другите производи. Официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата почнува да ги јаде цените на храната во Македонија.

Јовановиќ предвидува дека нафтата нема да падне на нивото од 60-70 долари, туку ќе остане висока, околу 90-95 долари.

„Можеби најлошото помина во смисла на воени дејствија, но економските последици ќе се чувствуваат уште долго. Штетата е веќе направена, а неизвесноста што ќе се случи по овие две недели примирје дополнително ќе ја кочи економијата“, заклучува Јовановиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит,

09/04/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, СОНЦЕ И ОБЛАЦИ ПРЕКУ ДЕН Времето за празниците

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42333
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не коленичи на патот кон ЕУ

10/04/2026

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту од себе, ниту од сопствената нација и држава и

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има поместувања и кога не се

09/04/2026

Не треба да чекаме децении за Европската Унија, напротив некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста,

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна поддршка за Охридскиот договор и

09/04/2026

Демократската унија за интеграција ја информираше јавноста дека претседателот на партијата, г. Али Ахмети, своето отворено писмо од 3 април,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy