
Ова е топ дестинација во Црна Гора, а не е на море
Има дестинација која во Црна Гора годинава стана апсолутен хит, а не е на море.
Недалеку од Колашин, се наоѓа Биоградското Езеро. Делот од прашумата околу езерото Биоград е вистински скапоцен камен на националниот парк. Вековните дрвја целосно го врамуваат езерото и му даваат нереална смарагд боја која се прелива во сите можни нијанси. Интересно е што околу целиот раб на езерото има патека долга 3.500 метри, па со лежерна прошетка низ шумата, можете да уживате во чистиот воздух и свежината, да видите огромна бука која е стара повеќе од 300 години стари. За ова езеро се вели дека е најчисто на Балканот. Инаку, податоците на Националната туристичка организација на Црна Гора, покажуваат најголем пораст на посетите на националните паркови на Црна Гора, кои ги посетиле скоро 270.000 туристи, односно дури 70 отсто повеќе од минатата година.
Познатиот американски магазин Travel off path пишува дека Црна Гора е една од најпотценетите летни дестинации во Европа. Во својот извештај магазинот објави дека Црна Гора е веројатно најперспективната туристичка дестинација на европско тло.
Според истиот магазин, на Грција се придава големо внимание.
