Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова е спасениот војник од пламените јазици кај Подареш – евакуирани и други 8 војници, возила и булдожер
Македонија

Ова е спасениот војник од пламените јазици кај Подареш – евакуирани и други 8 војници, возила и булдожер

27/07/2025

AA

Во исклучително ризична и прецизно координирана спасувачка акција, хеликоптерските екипи на Министерството за внатрешни работи денеска успешно евакуираа девет припадници на Армијата на Република Северна Македонија, кои беа опколени од пламените јазици кај Подареш, меѓу кои и професионалниот војник Симе Николов, кој претрпел повреда додека се борел со пожарот.

Директорот на Национални шуми, Кире Михаилов истакна дека во акцијата биле вклучени два хеликоптери – BELL 412 и BELL 212 – при што едниот направил безбеден коридор со прецизни фрлања вода, а другиот се спуштил и ги извлекол заробените војници, како и едно возило „пинцгауер“, една „лада нива“ и булдожер кој бил ангажиран во гаснењето.

Повредениот Николов бил веднаш пренесен од Брзата помош од Радовиш до штипската болница, каде му била укажана итна медицинска помош. Семејството, колегите и јавноста упатуваат голема благодарност до сите служби вклучени во спасувањето – од хеликоптерските екипи и итната медицинска помош, до здравствените работници и припадниците на Армијата и полицијата кои неуморно се борат со огнената закана во изминатите денови.

Овој настан уште еднаш ја потврдува важноста на пожртвуваноста, солидарноста и координацијата на институциите во заштитата на човечки животи и природата на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy