Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ова е најдоброто од Македонија, мора да веруваме во тоа што го работиме“
Спорт

„Ова е најдоброто од Македонија, мора да веруваме во тоа што го работиме“

14/01/2024

AA

По официјалниот прес по мечот со Германија, селекторот Кирил Лазаров, како по обичај собра сили за краток осврт пред македонските новинари. Некако како „дежа ву“ од дуелот со Франција дојде оваа средба со претставниците на седмата сила.

Лазаров го повтори истиот став – дека ни се случува повторно голем број на технички грешки и загубени топки во нападот, а против големите сили невозможно е да се успее така.

„Се сложувам дека ни се повторуваат истите работи како од мечот со Франција. Имавме многу лесно продадени топки во напад. Ако ништо друго сега барем имаше пожртвуваност и борбеност во одредени моменти. Мислам дека имаме проблем при игра ‘шест на шест’ со вакви репрезентации, многу лесно ги губиме топките и одиме кон пасивна игра. Со толку топки дадени во нивна рака и со таква игра не можете да ѝ парирате на една Германија. Иако на моменти париравме и дадовме сè од себе, сепак потрошивме сила и против Германија и против Франција, а на крајот резултатот е таков каков што е. Можеби имавме шанси за подобар скор во двата натпревари, но во овој момент двата противници се класа подобри од нас“, вели Лазаров.

Предводникот на македонската репрезентација смета дека имаме шанси за победа против Швајцарија, иако станува збор за квалитетен ривал кој ја изненади Франција и освои бод.

„Ако имаме шанса против некого да се бориме за победа, тогаш тоа треба да биде Швајцарија. Треба да ги средиме главите, да одмориме и утре да го подготвиме мечот и потоа да го дадеме нашето најдобро. Само така ќе се бориме за позитивен резултат со Швајцарија. Тие изненадија против Франција и извлекоа реми откако потфрлија против Германија. Јас верувам во изненадувања и победи без разлика со кого играме, но мора да веруваме во тоа што го работиме. Ние сме репрезентативци, ова е нашето најдобро од Македонија. Не сме тим или клуб. Мислам дека имаме квалитет и сила, ќе се обидеме да се прикажеме во позитивно светло“, кажа селекторот на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy