Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митев: Ни фалат многу килограми за да се носиме со германските ѕверови!
Спорт

Митев: Ни фалат многу килограми за да се носиме со германските ѕверови!

14/01/2024

AA

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги загуби и теоретските шанси за пласман во втората рунда од ЕП 2024, откако беше поразена во пресметката со домаќинот Германија (25-34).

Разликата во квалитет беше очигледен, а најголема болка одново беше нашата одбрана. Нашиот централен бек, Марко Митев, смета дека искуството стекнато со играње во Бундеслигата е непроценливо и дека носи голема предност во однос на ривалите.

„Игравме против селекција што ќе се бори за медал на ЕП и навистина не беше лесно да се носиме против толку квалитетен противник. Најголемиот дел од германските репрезентативци играат во Бундеслигата, која е најсилна на светот и искуството собрано таму е непроценливо. Сето ова наведува дека крајниот епилог и не е премногу изненадувачки“, изјави Митев.

Ракометарот на Алкалоид потоа се осврна и на разликата во маса помеѓу ракометарите на двете селекции, со оглед што Германците речиси на секоја позиција имаа 10- 20 килограми мускулна маса повеќе во однос на нашите момци.

„Не само Германците, туку речиси сите репрезентации на ЕП имаат ракометари кои важат за многу силни. Се согласувам со селекторот Лазаров за тоа што го изјави пред неколку дена дека треба повеќе да работиме на себе. Едноставно треба да ставиме многу кила за да може да се носиме со ваквите ѕверови на теренот, односно со репрезентација што е физички многу помоќна од нас“, дополни Митев.

Македонија последната шанса за барем почесен бод или победа ќе ја има задутре, кога во Берлин ќе го одигра последниот меч на континенталниот собир и тоа против селекцијата на Швајцарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy