
Јотова: Не знам зошто МНР на Бугарија веќе втор ден не реагира за нападите во Скопје
Синоќешните напади во Скопје ја отсликуваат политиката на Северна Македонија кон Бугаририја. Без разлика дали бугарските граѓани живеат таму или доаѓаат од Софија. Ова во интервју за БТВ попладнево го изјави заменик претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
„Не знам зошто, веќе втор ден под никаква форма не реагира нашето Министерство за надворешни работи. Има различни начини по кои тоа може да се направи, најмалку што може е да се викне амбасадорот на Македонија во Бугарија, за да дознаеме што се случило. Да добиеме одговор на сите прашања кои од синоќа си ги поставуваат и бугарските граѓани“, рече Јотова.
По критиките кои ги упати за бугарската власт, рече дека требало повредениот навивач од Левски да биде префрлен на лекување во Софија, за како што вели таа „квалитетно здравство“.
„Најмалку што можевме да направиме е да се погрижиме за тоа повредено момче и да му осигураме квалитетна здравствена заштита, како што направивме и за г-дин Пендиков и што поскоро тој да се лекува тука во Бугарија“, додаде Јотова.
