Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриено што планира Русија? Вака е загрозена националната безбедност на САД
Македонија

Откриено што планира Русија? Вака е загрозена националната безбедност на САД

15/02/2024

AA

Повеќе извори запознаени со разузнавањето ги опишаа информациите како „многу чувствителни“.

Америка има разузнавачки информации за „сериозна закана за националната безбедност“, која е споделена со сите членови на Конгресот за преглед, а изворите велат дека заканата е поврзана со Русија.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа рече дека состанок со лидерите за ова прашање бил закажан порано, а претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом Мајк Тарнер го повикал претседателот Џо Бајден да ги декласифицира „сите информации поврзани со оваа закана“.

Засега официјално не е наведено за каква закана станува збор, но два извори за ABC News велат дека информациите укажуваат дека „Русите сакаат да лансираат нуклеарно оружје во вселената“.

Според извештаите, Русите немаат намера да ја таргетираат Земјата, туку планираат да го употребат оружјето против сателити.

„Тоа е многу загрижувачко и многу чувствително прашање“, рече еден извор.

Иако тие не зборуваа директно на оваа тема, неколку членови на Конгресот го опишаа прашањето како сериозно – но ништо што треба да предизвика јавна тревога.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност, беше притиснат неколку пати од новинарите на брифингот во Белата куќа за барањето на републиканското разузнавање, но тој одби да каже конкретно дали на состанокот во четврток ќе се разговара за пријавената закана.

Тој, исто така, одби да образложи и рече дека „Американците разбираат дека постојат различни закани и предизвици во светот со кои се справуваме секој ден“, како што е тероризмот.

„Убеден сум дека претседателот Бајден со одлуките што ќе ги донесе ќе ја обезбеди безбедноста на граѓаните на САД“, рече Саливан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор

02/12/2025
Македонија

„Биди искрен Дејан и кажи“: Милка Едровска го прозва газдата

02/12/2025
Македонија

ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ

02/12/2025
Македонија

Одбраната на Едровска тврди дека нејзиниот проект бил безвреден без

02/12/2025
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на

02/12/2025
Македонија

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди

02/12/2025
Македонија

32-годишна жена истепана од сопругот со кого е во бракоразводна

02/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО КОЧАНСКАТА ПОЛИЦИЈА Двајца полицајци се суспендирани откако тепале

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy