Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ – Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот
Економија

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ – Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

01/11/2024

AA

Бавната и недоволната фискална консолидација, бавниот напредок во имплементацијата на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии, како и острата критика на управувањето со државната помош се дел од забелешките на Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија на патот кон членството во унијата. 

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во нивниот последен коментар посочуваат дека извештајот дава
реалистична слика за отсуството на
напредок или за бавен напредок на
повеќе критички реформски точки за
македонската економија. 

– За разлика од претходните
извештаи, овој Извештај
воведува нагласен критички тон
за однесувањето на фискалната
политика и јавните финансии во
претходната година (септември
2023 – септември 2024), и тоа
на неколку пункта. Постоењето на фискалните
ризици, во контекст на бавната
и недоволна фискална
консолидација, надополнета со
преземените условни обврски и
вонбуџетските позиции, кои
заедно со достасаните а неизмирени обврски на државата
создаваат голем (и често
скриен) буџетски товар, кој
може да предизвика значајни
негативни последици за
проширување на фискалниот
дефицит и јавниот долг. Ова е
особено важно во контекст на
растечкиот јавен долг – посочуваат од „Фајненс тинк“ во нивниот коментар.

Потоа додаваат дека ова повлекува
тековна неусогласеност со
фискалните правила, кои
влегуваат во сила на 1.
јануари 2025, според
неодамна-усвоениот Законот за
буџети, што претставува 
критичка појдовна точка за
усогласување со предвидените
фискални правила и фискално
дисциплинирање

– Неусогласеноста на
фискалната со монетарната
политика во време на нагласени
инфлациски притисоци ии ризици
во минатата година, односно
експанзивноста на фискалната
политика преку зголемувањето
на платите на јавната
администрација (септември
2023) и ад-хок зголемувањето
на пензиите (септември 2024).
Извештајот јасно го нагласува
присутниот инфлациски ризик од
ваквите потези и од
продолжената експанзивност на
фискалната политика.

Бавнот напредок во
имплементацијата на програмата
за реформа на управувањето со
јавните финансии, вклучително
и сè уште неусвоената програма
за периодот 2024-2027.

Сè уште присутното ниско
ниво на буџетска
транспарентност. На стр. 26 се
констатира: „Буџетската
транспарентност во Северна
Македонија и понатаму е 
ограничена, како што покажува
нискиот резултат на
последното Истражување за
отвореност на буџетот, што е
значително под глобалниот
просек од 45 – се посочува во коментарот.

Додаваат оти, извештајот, за разлика од
минатата година, го констатира
постепеното повлекување од
линеарните мерки за справување
со последиците од енергетската
криза (главно, ограничувањето
на субвенционирањето на цената
на електирчната енергија), што
е во линија со забелешките и од
Finance Think, а поради
потребата прудентно да се
управува со тенкиот фискален
простор.

– Извештајот дава остра критика
на управувањето со државната
помош. „Транспарентноста и ефикасноста
на државната помош сè уште се
незадоволителни.“ Притоа, за првпат во овој
Извештај посебен нагласок е
ставен врз недоволните
компетенции на Комисијата за
заштита на конкуренцијата
(КЗК), што и Finance Think го
нагласуваше повеќе пати во
контекст на мерките за
ограничување на цените и
маржите наместо структурното
зајакнување на Комисијата, која
треба да се бори против
здружувања на пазарот кои
наметнуваат неконкурентски цени, посебно во сегментот
храна и пијалоци. 

Дополнително, сврзано со
државната помош, се нагласуваат
и недоволните критериуми за
избор на корисници, и сè
општата недоволна
транспаретност.
Во остатокот од економскиот дел,
Извештајот се фокусира врз потребата
од структурни реформи за чие
спроведување и резултати е потребен
подолг рок, а тоа се областите на
човечки капитал, физичка и
енергетска инфраструктура и
иновации, кои во најголем дел беа
присутни и во претходните извештаи – појаснуваат од Институтот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална

19/02/2026
Македонија

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од

19/02/2026
Македонија

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му

19/02/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека

19/02/2026
Македонија

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж

19/02/2026
Македонија

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖЕН ДО МАРТ 2031 ГОДИНА

19/02/2026
Македонија

Полицаец без возачка „дивеел“ низ Скопје: Доби кривична пријава, одземање

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41665
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „ПРЕМИН“, застапуван од Специјализираното одделение

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и

19/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од 60% од предлозите се професионалци

19/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски најавија нов бран на пополнување на амбасадорските места, со силен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy