
ОСТАТОЦИ ОД ЧОВЕЧКО ТЕЛО ПРОНАЈДЕНИ ВО СОПОТ Идентитетот ќе се утврди со ДНК анализа

Остатоци од човечко тело се пронајдени во кавадаречкото село Сопот.
„Во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело. Случајот бил пријавен вчера во 16.40 часот. Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци“, соопшти денеска СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, се додава во соопштението.
.

