Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСТАНУВА СТАРАТА ДОБРА ПОСТАВА ДИРЕКТОРИ, ТИМОТ НЕ СЕ МЕНУВА – која компанија одлучи да ги реизбере истите членови на Управен и Надзорен и зошто
Економија

ОСТАНУВА СТАРАТА ДОБРА ПОСТАВА ДИРЕКТОРИ, ТИМОТ НЕ СЕ МЕНУВА – која компанија одлучи да ги реизбере истите членови на Управен и Надзорен и зошто

05/06/2025

AA

Адинг, реномираната македонска индустрија специјализирана за
хемиски материјали наменети за градежништво, ги реизбра своите членови на
органите на управување и раководење.

Односно, на врвот на Адинг и натаму остануваат луѓето кои и
досега управуваа со компанијата, како членови на Управен и Надзорен одбор, но на акционерското
Собрание кое се одржало пред неколку дена, тие, поради истекот на мандатот, се
реизбрани со уште еден мандат од четири години.

Како што објави компанијата на берзата, на акционерското
Собрание одржано на 29 мај годинава, била донесена одлука за разрешување на
членовите на Надзорниот одбор од претходниот состав и избор на нови членови на
Надзорниот одбор со мандат од четири години.

Односно, компанијата
објави дека се избрани нови членови на НО, и тоа Раде
Јанков,
кој ќе биде
претседател на Надзорен одбор и независен член, Александра Петровска, заменик
претседател на Надзорен одбор, Александар Бе
лев, член на Надзорен одбор и Филип Филипоски, член на Надзорен одбор.

Новоизбраниот Надзорен Одбор, по
конституирањето, предложил членови на УО, со мандат од 4 години.

„На 30 мај година, новоизбраниот Надзорен одбор се конституираше
и на истата седница донесе одлука со која ги предложи членовите на Управниот
одбор со мандат од четири години, почнувајќи од 01 мај 2025 година“, се вели во
објавата од компанијата.

Така што, како членови на УО остануваат Зоран Петровски,
претседател на Управен одбор, кој е и генерален директор на друштвото, Даниел Цеков, заменик претседател на Управен одбор,
заменик генерален директор, Вања Дончева Рајатоска, Горан
Атанасовски и Диме Јанчев, членови на Управен одбор.

Компанијата го објави и списокот на акционери кои учествувале на
седницата, а од нив најголем дел се всушност луѓето кои се членови на Управниот
и Надзорниот одбор.

Заклучно со 30 мај тоа се следниове акционери, Зоран Петровски,
кој поседува 8,87 отсто, Вања Дончева Рајковска, со 5,68 проценти, Љупчо
Љупчовски со 2,46 отсто Горан Атанасоски со 2,37 отсто, Даниел Пешев со 1,08
проценти, Раде Јанков со 1,04 отсто, Александар Беља со 0,46 отсто, Илија Јаќев
со 0,09 отсто и Александра Петробска за која е наведено дека нема акции.

Од јануари заклучно со март компанијата остварила
одлична добивка од 680 илјади евра, што е сепак намалување за 25 отсто во
однос на истиот период од минатата година.

Нето добивката на „Адинг“ лани изнесува 1,18 милиони евра што е
за 532.000 евра подобар резултат од претходната година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy