Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за македонските сили
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за македонските сили

03/03/2026

AA

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од касарната Илинден во Скопје порача дека е од клучно значење сите 32 сојузнички држави – меѓу кои и Северна Македонија – да дејствуваат заедно за да ја гарантираат безбедноста на територијата на Алијансата.

Обраќајќи им се на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, Руте истакна дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година. Тој го нагласи придонесот на македонските сили во копнените операции, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.

– Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни, и чувајте нè безбедни – порача Руте на крајот од обраќањето.

На настанот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски му врачија Големи плакети на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

Ова е прва посета на Руте на Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Тој претходно престојуваше во земјава во ноември 2021 година како премиер на Холандија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со итна телеграма до полициските станици: Нула толеранција за

03/03/2026
Македонија

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое

03/03/2026
Македонија

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините

03/03/2026
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за

03/03/2026
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42192
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со итна телеграма до полициските станици: Нула толеранција за семејно насилство, секој пријавен сторител

03/03/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави радикално затегнување на процедурите при пријави за семејно насилство. Преку итна телеграма, сите

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое нарушување ќе се казни

03/03/2026

Армијата информираше дека на 12 февруари во рамки на внатрешни проверки кај еден припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините почнуваат со работа за 40

03/03/2026

Долгогодишната „сообраќајна голгота“ на влезот во населбата Драчево конечно добива своја завршница. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy