Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи за соработката на ОБСЕ со Азиските партнери: Заедничките безбедносни предизвици бараат заеднички одговор
Македонија

Османи за соработката на ОБСЕ со Азиските партнери: Заедничките безбедносни предизвици бараат заеднички одговор

17/07/2023

AA

Европа и Азија се соочуваат со заеднички безбедносни предизвици. Војната на Русија против Украина има негативен ефект врз глобалните текови и затоа од големо значење е придонесот на нашите Азиски партнери за безбедноста во регионот на ОБСЕ.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање на Конференцијата „Европа и Азија: Решавање на заедничките предизвици во непредвидливата глобална безбедносна средина преку мултилатерална соработка“, организирана од ОБСЕ во Виена.

„Постои блиската и нераскинлива меѓусебна поврзаност помеѓу безбедноста во регионот на ОБСЕ и безбедноста на неговите соседи. Всушност, во нашиот глобален свет, сè повеќе предизвици се заеднички. Со заедничките предизвици, сепак, доаѓаат и заеднички можности. Затоа е од клучно значење за нас да работиме заедно, да учиме едни од други и на крајот да го заживееме мултилатерализмот“, рече Османи во Обраќањето.

Како клучен елемент на работата на ОБСЕ и на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата, рече Османи, е унапредување на безбедноста на луѓето што е предуслов за нивната благосостојба. Таа може да се постигне преку:

„Зајакнување на дијалогот, споделување на заложби, размена на експертиза, заедничко идентификување на области од заеднички интерес и генерирање на идеи за заедничко справување со безбедносните предизвици – сето тоа се начини на кои Европа и Азија можат да ги зајакнат своите врски и нивната безбедност“, истакна Османи.

Османи ги повтори клучните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, безбедноста, со посебен акцент на сајбер безбедноста, климатските промени, човековите права, демократијата и владеењето на правото. Сите овие области се соочуваат со предизвици што директно влијаат и на безбедноста, поради што соработката во ова време е суштинска за справување со нив.

„Од ефективната соработка во справувањето со предизвиците од безбедносните закани помеѓу ОБСЕ и нашите Азиски партнери придобивки може да има целиот регион на ОБСЕ“, рече Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy