Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Ирска: “Ги вложуваме сите ресурси во државата и општеството да ја пресликаме успешната европска приказна на Ирска”
Македонија

Османи од Ирска: “Ги вложуваме сите ресурси во државата и општеството да ја пресликаме успешната европска приказна на Ирска”

10/05/2023

AA

Денес, на 10 мај 2023 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи, престојува во работна посета на Ирска, на покана на својот ирски колега, Михол Мартин, кој ги извршува функциите на заменик претседател на Владата, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска.

На средбата со својот хомолог, Османи се заблагодари за континуираната и гласна поддршка која Ирска и ја дава на нашата земја во напорите за што поскоро зачленување во ЕУ, а која датира од самите почетоци на нашиот евроинтегративен пат, кога, за време на ирското претседателство со ЕУ во 2004 година, ја предадовме нашата апликација за членство во ЕУ.

“Ја поставивме 2030-тата година како наш таргет за полноправно членство во ЕУ, за чие спроведување ги вложуваме сите ресурси во државата и општеството. Сакаме да ја пресликаме успешната европска приказна на Ирска и да го достигнеме просперитетот и нивото на демократија, за што евроинтеграцијата е нашиот најсилен импулс“ – предочи Османи.

Османи се осврна и на неопходноста од краткорочни видливи и опипливи бенефити на патот кон полноправно членство во ЕУ, што ќе овозможи граѓаните да го почувствуваат зближувањето во економско – социјална смисла, а истовремено ќе внесе поголем кредибилитет во однос на пристапниот процес.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи го запозна соговорникот со актуелностите во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, реализираните и идните планирани активности низ призмата на утврдените приоритети, како и актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ.

За време на посетата, министерот Османи оствари средба и со државниот министер за европски прашања и одбрана Петер Бурк, на која беа разменети мислења околу актуелностите во поглед на нашето ЕУ досие. Османи брифираше за напредокот на Северна Македонија, отпочнатиот скрининг процес и високото ниво на подготвеност на институционалните капацитети за негова успешна реализација, подвлекувајќи ја цврстата определба на Владата за заокружување на уставните измени до крајот на оваа година, како наша преземена обврска, со цел отворање на првиот кластер Темели и за динамизација на пристапниот процес.

Министерот Османи ја реафирмираше позицијата на државата како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, целосно усогласувајќи се со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со значајна поддршка за Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy