
Орбан: Со Трамп на чело, САД ќе се повлечат од војната во Украина
Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Американците ќе ја напуштат оваа војна, прво нема да го поттикнуваат конфликтот“, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот […]