Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп воведува нови царини за стоки од некои земји – меѓу нив и Македонија
Македонија

Трамп воведува нови царини за стоки од некои земји – меѓу нив и Македонија

01/08/2025

AA

Македонија се најде на листата на земји на кои САД ќе им воведат дополнителни ad valorem царини, според новата извршна уредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп. Царинската стапка за македонскиот извоз во САД ќе изнесува 15 отсто, откако земјата не постигнала целосен договор со Вашингтон за усогласување на трговските и безбедносните политики.

Новата одлука доаѓа како дел од поширока стратегија на администрацијата на Трамп за справување со, како што се наведува, „нефер трговски практики“ на одредени партнери. Извршната уредба се повикува на претходно прогласеното „трговско вонредно состојание“ и предвидува диференцирани царински стапки за земјите што се во преговори или веќе постигнале делумни договори со САД.

„Некои партнери покажаа подготвеност да се усогласат со американските економски и безбедносни интереси. Други сè уште не се целосно усогласени, па затоа се воведуваат привремени дополнителни давачки“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Покрај Македонија, на листата се најдоа и Србија со високи царини од 35 отсто, како и Босна и Херцеговина со 30 отсто. Царините ќе стапат на сила во рок од седум дена.

Оваа мерка може да има сериозни импликации врз македонските извозници, особено во делот на текстилната, металната и прехранбената индустрија, кои досега имаа солидна пазарна позиција во САД. Аналитичарите предупредуваат дека овие дополнителни трошоци би можеле да ја намалат конкурентноста на македонските производи и да ги пренасочат трговските текови кон други пазари.

Според уредбата, кога една земја ќе постигне договор со САД, ќе се издаде нова одлука со која ќе се дефинираат условите за укинување на царините. Досега, само осум држави или економски блокови, меѓу кои Велика Британија, Јапонија и Европската унија, успеале да ги формализираат таквите договори.

Ситуацијата го става регионот на Западен Балкан во комплицирана економска позиција, бидејќи сите земји се соочуваат со значителни царински бариери, во време кога се обидуваат да го зајакнат извозот и економската стабилност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy