Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски за иницијативата за општокорисна работа: Брзото формирање на работната група покажува дека сме одлучни да спроведеме системско решение
Македонија

Ѓорѓиевски за иницијативата за општокорисна работа: Брзото формирање на работната група покажува дека сме одлучни да спроведеме системско решение

19/02/2025

AA

Денеска се одржа првата средба на новоформираната работна група, чија задача е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите лица кои извршиле вандалски дејства. Оваа работна група беше формирана откако Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата, поднесена од ЗЕЛС, која произлезе како предлог од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. По одржаната средба, на која освен претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, министерот за локална самоуправа Златко Перински со неговиот заменик, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, градоначалникот на Ѓорче Александар Стојковски, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ и професорот Алексадар Спасеновски, претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски, ја истакна важноста на донесените заклучоци:

-Денеска успешно ја започнавме дебатата во рамки на новоформираната работна група, чија цел е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите кои извршиле вандализам. Како ЗЕЛС, сме задоволни од конструктивноста на средбата и одлучноста на Владата да ја прифати оваа иницијатива. Формирањето на работната група во рекордно време е показател за сериозниот пристап кон ова прашање.

Денеска ги разгледавме сите аспекти на потребните законски измени, кои ќе ги опфатат Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане ефективна мерка за превенција и ресоцијализација на младите. Дополнително, беа дискутирани и можни измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, со што би се опфатиле и родителите во овој процес.

Заеднички заклучивме дека вандализмот е проблем кој бара системско решение, а воведувањето на општокорисната работа ќе придонесе за создавање свесност кај младите и ќе помогне во спречување на идни негативни појави. Нашата цел не е само санкција, туку пред сè превенција и воспитување на младите за одговорност кон заедницата.

Веруваме дека во најкраток можен рок ќе ги финализираме законските измени и ќе создадеме правна рамка што ќе овозможи нивна брза и ефикасна имплементација во сите општини.

Благодарност до Владата за поддршката и до сите учесници во работната група за нивниот придонес во создавање подобро општество за младите и за заедницата во целина – изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Со оваа иницијатива се очекува младите кои извршиле вандализам, наместо стандардни казнени мерки, да бидат насочени кон општокорисни активности, со што ќе се поттикне нивната општествена одговорност и активно учество во заедницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

01/09/2026
Македонија

Здружението „16 март“ по денешното рочиште за „Пулс“: Ако знаеле

01/09/2026
Македонија

Комисијата за заштита на конкуренцијата го анализира новиот режим на

01/09/2026
Македонија

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со

01/09/2026
Македонија

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон

01/09/2026
Македонија

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со

01/09/2026
Македонија

13-годишно дете во исклучително тешка состојба по тепачка во Чаир

01/09/2026
Македонија

Клековски за повреденото дете од Чаир: Има убод во срце,

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

01/09/2026

Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна, потврди Министерството за внатрешни работи за 4NEWS.mk. Од МВР велат дека

Здружението „16 март“ по денешното рочиште за „Пулс“: Ако знаеле за неправилностите, зошто не постапиле?

01/09/2026

Прашањата што обвинетите денеска им ги поставувале на вештаците отвораат дополнителни прашања за тоа колку биле запознаени со состојбите и

Комисијата за заштита на конкуренцијата го анализира новиот режим на „Hug & Fly“ на скопскиот

01/09/2026

Новите правила за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје се предмет на анализа од страна на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy