Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски: ЈП „Дрисла“ не смееше да не ни дозволи да го одложиме отпадот таму!
Македонија

Ѓорѓиевски: ЈП „Дрисла“ не смееше да не ни дозволи да го одложиме отпадот таму!

10/07/2023

AA

„Ние во оваа активност не влеговме сакајќи да добиеме политички поени нема политика во тоа да сакате да биде безбедно за здравјето на граѓаните околу вас и да сакате да имате чиста околина околу вас без при тоа да нападнеме било кого и да впериме прст во некого. Влеговме да го исчистиме отпадот онолку колку што можеме со помош на нашите колеги во услови кога имаме целосна блокада на една институција“, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Тој додаде дека сите граѓани не знаат дека надлежност на комунална хигиена е чистењето на ѓубре.

„Не можам како одговорен и млад политичар да го доведам во ризик здравјето на моите сограѓани и влеговме најдобронамерно да помогнеме во целиот процес“, кажа Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најмалку што требаше да направат во ЈП „Дрисла“ е да ги отворат капиите и да има брз трансфер.

„Врз основа на нешто што го споменав денеска а тоа е одлуката за прогласување на градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион при што под член 1 се прогласува градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион и во член 2 пишува дека одлуката влегува на сила наредниот ден од денот на донесување а ќе се објави во службен гласник на општините и Град Скопје во истата спаѓаат Град Скопје, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Сарај и сите останати од скопски плански регион и на 12.07.2011 година е донесена одлуката и не смеат да не вратат“, вели Ѓорѓиевски.

Тој запраша како ако немало договор со ЈП „Дрисла“ некој го примал нашиот отпад во четвртокот, петокот и месеци наназад ?

„Некој да се изживува злоупотребувајќи ја службената положба слушајќи насоки од некого и да остави повеќе од час и половина служби вработени луѓе од Општина Кисела Вода, Аеродром и останатите општини да стојат пред врата во недела е недозволиво“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој заклучи дека најмалку што треба за ова да се направат е да се извинат на нашите сограѓани затоа што ако не ги држеа во заложништво возилата пред „Дрисла“ наместо да се направеа 2 – 3 тури ќе се направеа 15 тури до сабалје и ќе беше почисто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy