
Општина Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени бомби во училиштата!
По серијата лажни дојави за поставени експлозивни направи кои два дена го парализираа образовниот процес во Тетово, локалната самоуправа воведува нови насоки за постапување. Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден.
Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата. Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора да ги чекаат официјалните инструкции на терен.
Општина Тетово веќе упатила неколку клучни барања до Секторот за внатрешни работи (СВР) со цел да се врати чувството на безбедност кај родителите и децата:
Иако Општината е во постојан контакт со релевантните институции, Даути појасни дека идентификувањето на хакерите или поединците кои ги испраќаат заканите е исклучива надлежност на МВР.
„Наша надлежност е да го пријавиме случајот. Како МВР постапува понатаму во истрагата е нивна процедура за која ние немаме детални информации. Сепак, се договоривме со СВР за брза повратна информација за тоа дали може да се продолжи со работа,“ изјави Даути.
Според најавите, образовниот процес во тетовските училишта продолжува редовно со попладневната смена.
