Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП!
Спорт

Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП!

29/08/2023

AA

Општина Ѓорче Петров со одлука на Советот денеска ѝ врати 62 акции на актуелниот куп-победник Македонија ЃП, со цел клубот да креира нови перспективи и да изнајде нови инвеститори со цел дополнителен развој на македонскиот прволигаш кој две години по ред го освојува пехарот во нашето најмасовно натпреварување.

Одлуката за враќање на акциите во таборот на „лавовите“ ја објави градоначалникот на општија Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој беше и на тренингот на ѓорчепетровци, кои имаат пет освоени бода по пет кола досега во сезонава, најавувајќи и дека поддршката од општината кон македонскиот прволигаш ќе продолжи.

„На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена Одлука за давање согласност за оттуѓување на правата на сопственост на хартиите од вредност во ФК ,,Македонија Ѓорче Петров 1932” – АД Скопје, односно Општина Ѓорче Петров ќе ги подари овие акции на ФК Македонија ЃП 1932. Оваа одлука практично придонесува клубот да креира нови перспективи кои ќе овозможат поголем развој за самиот клуб, како и привлекување на инвеститори кои би сакале да вложуваат во спортот, конкретно во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Оваа одлука којашто е донесена од страна на Советот, покрај тоа што ќе му олесни на клубот при управувањето, конечно ќе ја прекине лошата традиција политиката да биде вмешана во спортот. Политиката и политичарите мора да бидат настрана од спортот и во клубовите да фигурираат и да придонесуваат, исклучиво луѓе коишто се дел од спортот и коишто навистина на вистински начин ќе придонесат за развој и нови спортски успеси“, објави Стојкоски, додавајќи:

„Општина Ѓорче Петров и јас како градоначалник остануваме цврста и силна поддршка на ФК Македонија Ѓорче Петров и посакуваме во иднина клубот да се развива и да прерасне во европски клуб кој ќе биде репрезент за почит насекаде во светот, а секако при тоа да биде наша најголема гордост и радост како и досега“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВИНАРОТ МАРЈАН ДОКАЗ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА УЦЕНА И ЗА

01/03/2026
Македонија

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Тема е

28/02/2026
Македонија

ТОПЛО И СТАБИЛНО ДО СРЕДА, ВО ЧЕТВРТОК СЛАБ ДОЖД Студени

28/02/2026
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

28/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ГИ ПОДРЖУВА САД И ИЗРАЕЛ ВО ВРСКА СО ИРАН

28/02/2026
Македонија

СТРАНСКА СЛУЖБА ЛАНИ ЈА ИЗВЕСТИЛА АНБ ДЕКА НА ГРУБИ МУ

28/02/2026
Македонија

АКО ГРУБИ ПРОЗБОРИ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ЌЕ СЕДНАТ НА ОБВИНИТЕЛНА

28/02/2026
Македонија

Приведен 64-годишник од Куманово: Управувал возило со 3,08 промили алкохол

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42078
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВИНАРОТ МАРЈАН ДОКАЗ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА УЦЕНА И ЗА ИЗНУДА Врховниот суд ја потврди

01/03/2026

Врховниот суд ја отфрли жалбата на Вишото јавно обвинителство и ја потврди ослободителната пресуда на Апелацискиот суд Скопје за новинарот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Тема е безбедносната состојба во Македонија по

28/02/2026

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како

ТОПЛО И СТАБИЛНО ДО СРЕДА, ВО ЧЕТВРТОК СЛАБ ДОЖД Студени утра и магла во котлините

28/02/2026

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy