Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков

10/04/2026

AA

Опозицијата се изгуби во својата улога, додека единствениот коректив на власта во моментот е народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во „За или против“ на Алфа.

Тој вели дека Владата потекнува од народот и навреме реагира на секоја криза.

– Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на аспирациите коишто ги имаме ние за членство итн., влијаат врз ценовниот притисок, врз притисокот на цените. ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт и со тоа можност да реагира, да работи во корист на граѓаните. И во оваа цела слика многу е важна опозицијата за да може да биде квалитетен коректив на тие политики, меѓутоа гледаме дека опозицијата се изгуби во својата улога, односно не успеа да ја врати изгубената доверба.

Лефков истакна дека иако опозицијата треба да биде квалитетен коректив на политиките на власта, нивните настапи не се базираат на факти и немаат суштина.

– Во овој момент единствен коректив на власта е народот, јавноста и чувството на оваа Влада затоа што потекнува од народот и довербата која што ја доби на последните избори, континуирано ја добива, и мислам дека во овој момент опозицијата потфрлува во својата улога да биде коректив. Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и сè уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите – дециден е Лефков.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА

10/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во

10/04/2026
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит,

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42335
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА ДЕН Владата следната недела ќе

10/04/2026

„Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не коленичи на патот кон ЕУ

10/04/2026

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту од себе, ниту од сопствената нација и држава и

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има поместувања и кога не се

09/04/2026

Не треба да чекаме децении за Европската Унија, напротив некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy