Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКТА со поддршка за соседните основни училишта преку новогодишна донација
Македонија

ОКТА со поддршка за соседните основни училишта преку новогодишна донација

25/12/2023

AA

Во пресрет на новогодишните празници, ОКТА ја продолжи традицијата на донирање пакетчиња за децата од основните училишта кои се наоѓаат во близина на седиштето на компанијата во општина Илинден. Со цел унапредување на образовниот процес и поефикасно следење на наставните содржини, покрај новогодишните пакетчиња, оваа година компанијата донираше и телевизори наменети за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и во двете подрачни училишта лоцирани во селата Мршевци и Текија во општина Илинден.

„Во текот на оваа јубилејна година за ОКТА реализиравме неколку значајни општествено одговорни проекти во образовниот систем на земјата, а ја завршуваме годината со донација која треба да овозможи подобро изведување на наставата и поголема интерактивност со учениците. Во рамки на оваа донација ги вклучивме и најмалите ученици од нашето соседство, кои ги изненадивме со новогодишни пакетчиња со цел да придонесеме кон повесела празничната атмосфера. Оваа донација е уште еден доказ за нашето долгорочно партнерство со жителите од локалната заедница во која што делуваме како компанија“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на ОКТА.

Новогодишните пакетчиња ќе бидат доделени на дечињата од прво до трето одделение во споменатите локални основни училишта.

„Како вистински партнер, ОКТА секогаш е подготвена да одговори на нашите барања и потреби. Така беше и во овој случај, со донацијата на телевизорите кои ќе бидат особено корисни во наставата, придонесувајќи за подобра визуелизација на наставните содржини што им се предаваат на учениците. Дополнително и оваа година нашите најмлади ученици добиваат и новогодишни пакетчиња, на кои особено им се радуваат“, истакна директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, заблагодарувајќи му се на тимот на ОКТА за најновите донации.

Образованието и младите се едни од главните области во чии развој ОКТА континуирано низ годините ги насочува своите општествено одговорни проекти и вложувања, а таквиот вид поддршка ќе продолжи и во иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45942
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на

02/10/2026

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Платформата „Разговори за иднината во

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА Урсула фон дер Лајен повторно

02/10/2026

Европската комисија се фокусира на деблокирање на пристапниот процес за Македонија, по што би можеле да следуваат и конкретни патокази

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди притвор од 30 дена во

02/10/2026

Кривичниот суд Скопје на предлог на Јавното обвинителство му одреди притвор од 30 дена на Дејан Јованов Деко, првообвинет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy