
Ѓоковиќ во Париз им помогнал и на ватерполистите во освојувањето на златниот медал
Мандиќ откри дека Ѓоковиќ ги посетил и одржал говор кој многу придонел за мотивацијата кај сите во репрезентацијата.
„Морам да се заблагодарам на Новак кој по тој пораз од Австралија дојде да не посети. Сите бевме во собата и размислувавме, а тогаш влезе тој и одржа говор за кој можеше да се забележи дека е од срце. Неговите зборови допреа до сите нас, ни даде голема мотивација. Уште повеќе уживавме кога тој дојде до неговата цел, убава приказна и за него и за нас“, изјави Мандиќ.
Новинарите ги интересираше детали, но Мандиќ не откри повеќе.
„Не би навлегувал во детали, но зборуваше за неговите победи и порази, низ што се поминувал. Чувствувавме дека зборовите се вистински и искрени“, одговори српскиот ватерполист.
