
Ѓоковиќ по сензационалната елиминација: Не е катастрофа, ама ужасно се чувствувам!
Ѓоковиќ посочи дека елиминацијата не е катастрофа, ама после ужасниот меч кој го одигра нема што посебно да каже, освен дека му честита на ривалот кој бил подобар во клучни моменти.
„Ова не е катастрофа, ама ужасно се чувствувам после загубен меч. Не можам нешто посебно да кажам, физички сум во добра ситуација. Честитки за противникот, одиме понатаму. Секогаш се надевам на добар ден, но тој ја крена формата, јас не одиграв добро и тоа е тоа. Сѐ што можам да кажам е дека Лоренцо остана цврст во важните моменти“, рече Ѓоковиќ.