Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ на колена: Алкараз по епскa битка го освои Вимблдон
Спорт

Ѓоковиќ на колена: Алкараз по епскa битка го освои Вимблдон

16/07/2023

AA

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон, откако денеска со 3-2 во сетови,односно 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4 славеше против ланскиот првак Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ имаше фуриозен почеток на натпреварот и врза два брејка на сервисот на Алкараз за водство од 5-0, по што шпанскиот тенисер до крајот на сетот успеа да освои само еден гем (1-6).

Алкараз прв направи брејк во вториот сет и поведе со 2-0, но Ѓоковиќ веднаш се врати во игра и израмни на 2-2. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис до тај-брејкот каде што Шпанецот беше подобар со 8-6.

Шпанецот доминираше во третиот сет, каде што дури три пати му го одзема сервисот на Ѓоковиќ за 6-1 и водство од 2-1 во сетови.

Ѓоковиќ го крена нивото на игра во четвртиот сет, откако спаси две брејк топки, а потоа му го одзема сервисот на Шпанецот за водство од 3-2. Србинот играше добро и во продолжение од сетот кој му припадна со 6-3.

Во петтиот сет Алкараз направи брејк во третиот гем за водство од 2-1, а потоа беше сигурен на свој сервис за водство од 4-2. Ѓоковиќ се обидуваше да направи брејк и да ја врати неизвесноста, но едноставно не можеше да го надигра младиот Шпанец (6-4).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
Македонија

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски

15/02/2026
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е најскапиот автомобил во Македонија за

15/02/2026

Македонските улици станаа побогати за вистински автомобилски скапоцен камен. Најскапиот автомобил увезен во земјава минатата година е ексклузивниот „Mercedes-Benz AMG

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на камати се одложува до влез

15/02/2026

Македонија годинава одбележува неславен јубилеј – точно 30 години откако за првпат беше напишан закон за оданочување на каматите од

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца заглавила во поплавена куќа во

15/02/2026

Во текот на ноќта се излеала Зајашка река на улицата Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Поради

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy