
Ѓоковиќ игра против Руне, а води војна со сите, па и со главниот судија
По два сета, резултатот е 1-1, а како и вчера, српскиот тенисер е во константна војна со дел од публиката која ја користи секоја можност да го провоцира. Разликата сега е во тоа што Ѓоковиќ влезе во конфликт и со главниот судија поради една одлука.
При негово водство од 1-0 и 5-4 во вториот сет, Руне бараше челинџ, но тоа го направи откако играше со топчето, односно врати по ударот на Ѓоковиќ. Судијата го прифати неговото барање, а тоа не му се допадна на Србинот кој жестоко реагираше и побара да биде повикан супервизорот. Тоа не му беше овозможено, но Ѓоковиќ продолжи да се расправа со главниот судија.
Во случај тој да не го прифатеше челинџот на Руне, Ѓоковиќ ќе имаше 40-15 на сервис на Руне и две меч-топки. Вака, Данецот израмни, го одбрани својот сервис, а потоа израмни на 1-1.

